Прераскажувањето и раскажувањето како форми на усно изразување

Authors

  • Irena Kitanova

Abstract

Усното и писменото изразување се заемно поврзани. Говорот е
еден вид подготовка за пишување, а пишувањето го поттикнува говорот. Притоа, во текот на усното и писменото изразување треба да се води сметка за одредени законитости. На пример, најважно е да се сфати дека за да се сфати содржината потребно е да зборуваме/пишуваме постапно,
по одреден ред, по таканаречена утврдена методологија на изложување на фактите, на аргументите. Невозможно и погрешно е ако одредена случка, настан, содржинска целост или доживување ја изразуваме одеднаш, во еден здив, а не постапно, хронолошки, ред по ред. Во наставната пракса, во делот од подрачјето усно и писмено изразување се применуваат следниве форми на усно изразување:
1. Прераскажување
2. Раскажување
3. Опишување
4. Известување
5. Говорни вежби.

Downloads

Published

2013-10-24

Most read articles by the same author(s)