Преглед на потеклото на имињата на деновите во неделата

Authors

  • Snezana Kirova
  • Jane Jovanov

Abstract

Сите граѓани на оваа планета ги користат деновите во неделата за определување на нивните активности. Не само што се користат делење на месецот на неколку недели, или пак годината на 53 недели – деновите во неделата целосно ги синхронизираат нивните животи соодветно на нивната животна дејност. Дали некогаш се прашале овие граѓани од каде дошле имињата на сите овие денови во неделата? Дали постоеле секогаш? Како ги гледале древните народи деновите во неделата? Одоговорите на овие прашања е тешко да се дадат, бидејќи имаме ограничени извори од кои можеме да црпиме конкретни информации. Но, без разлика на тоа, човештвото поседува доволно извори за да може да даде една историја на потеклото на имињата на деновите во неделата. Таа историја накусо ќе биде претставена овде.

Downloads

Published

2013-10-24

Most read articles by the same author(s)