КОРЕЛАЦИЈА НА ПРЕСМЕТАНАТА И ФИЛТРИРАНАТА КАРТА НА ГРАВИМЕТРИСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА МОХО ДИСКОНТИНУИТЕТОТ

  • Blagica Doneva

Abstract

Во трудот е презентирана зависноста на Мохо дисконтинуитетот со влијанието на гравиметриското поле на територијата на Македонија. Мохо дисконтинуитетот претставува границата на Земјината кора со мантијата, а така е наречен по името на Андрија Мохоровичиќ, кој врз основа на анализата на ширењето на сеизмичките бранови, прв го открил нејзиното постоење. На самата граница доаѓа до нагла промена на брзината на ширењето на еластичните (сеизмички) бранови, а истовремено доаѓа и до промена на густината на средината. Просечната густина на карпите на Земјината кора е 2,67 [gr cm-3]. Испитувањата на дебелината на Земјината кора укажуваат дека под континенталните маси варира од 25 - 80 km,  додека под океанските простори дебелината варира од  5 - 10 km.


Вредностите на Бугеовата аномалија измерени на територијата на Македонија варираат од 30 до -80 [10-5ms-2]. Гравиметриското поле е резултат на сложеното влијание на структурните елементи кои ја изградуваат Земјината кора на овој простор.

Published
Oct 22, 2019
How to Cite
DONEVA, Blagica. КОРЕЛАЦИЈА НА ПРЕСМЕТАНАТА И ФИЛТРИРАНАТА КАРТА НА ГРАВИМЕТРИСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА МОХО ДИСКОНТИНУИТЕТОТ. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 13, n. 13, p. 33-40, oct. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/3168>. Date accessed: 14 nov. 2019.

Most read articles by the same author(s)