Карактеристики на термоминералната вода на бања „Кежовица“
Abstract
Термоминералната бања „Кежовица“ се наоѓа на 2 км југо-западно од градот Штип, во непосредна близина на Ново Село, Штипско. Таа е позната уште од времето на турското владеење во Македонија, која исто така како и денес се користела како лековита термална бања. Во бањата „Кежовица“ термоминералната вода не се излива непосредно на површината, туку таа се користи преку дупнатини. Единствено во локалноста Л'џи во Ново Село, во непосредна близина на реката Брегалница, има извор на термоминерална вода кој е каптиран и се користи од месното население.
Специфично за овие термоминерални води е што според својата радиоактивност во Македонија се најрадиоактивни термоминерални води, а спаѓаат во редот на најрадиоактивните термоминерални води и во Европа.
Downloads
Download data is not yet available.
Downloads
Published
2014-02-05
Issue
Section
Article
How to Cite
Карактеристики на термоминералната вода на бања „Кежовица“. (2014). Natural Resources and Technology, 6(6). https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/789