Модел на прифаќање и употреба на репозиториумот наменет за наставниот кадар при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

  • Mirjana Kocaleva
  • Igor Stojanovik
  • Zoran Zdravev

Abstract

Секојдневно сме изложени на употребата на интернетот во сите сфери на нашето живеење. Па така, неговата примена е важна и во процесот на образованието. Политиката на Универзитетот „Гоце Делчев“ е да се има највисок степен на користење на интернетот во сите сегменти на управувањето, администрирањето и наставата. За таа цел спроведен е проект за зголемување на веб видливоста на Универзитетот „Гоце Делчев“ со помош на интернетот. Како важен дел од тој проект е воведувањето на репозиториумот во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“, кој е и тема на нашето истражување.

Во трудов е опишан проектот за зголемување на веб видливоста на Универзитетот „Гоце Делчев“ и воведувањето на репозиториумот како важен дел од тој проект. Понатаму во трудот е даден приказ на резултатите од анкетата спроведена за употребата и прифатеноста на репозиториумот од страна на наставниот кадар при Универзитетот „Гоце Делчев“,  со примена на УТАУТ теоријата. И за крај, во заклучокот, ја дефинираме важноста од успешната употреба на репозиториумот и ефектот на факторите на УТАУТ теоријата.

Published
May 19, 2015
How to Cite
KOCALEVA, Mirjana; STOJANOVIK, Igor; ZDRAVEV, Zoran. Модел на прифаќање и употреба на репозиториумот наменет за наставниот кадар при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Yearbook - Faculty of Computer Science, [S.l.], v. 3, n. 3, p. pp. 21-32, may 2015. ISSN 1857- 8691. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS/article/view/886>. Date accessed: 19 aug. 2019.
Section
Articles

Most read articles by the same author(s)