Инвестициони проекти финансирани преку емисија на хартии од вредност
Abstract
Инвестирањето во хартии од вредност значи вложување во иднината на компанијата што е емитент на хартиите од вредност. Инвеститорите, со купувањето на акции или корпоративни обврзници на примарниот пазар на капитал, ги финансираат развојните планови и проекти на компаниите. За возврат, инвеститорите очекуваат добри финансиски резултати, кои ќе иницираат зголемување на цената на хартиите од вредност на секундарниот пазар на капитал и дивиденда. Постои, примарна (прва) емисија на хартии од вредност која се издава во моментот на основање на акционерско друштво или при трансформација на Друштво со ограничена одговорност во Aкционерско друштво преку Иницијална јавна понуда IPOs (Initial Public Offering) на хартии од вредност и секундарна (втора, трета итн.) емисија на хартии од вредност кои се издаваат за докапитализација на компанијата. Секоја нова емисија на хартии од вредност се тргува на примарниот пазар на капитал, додека натамошното тргување (промена на сопственоста) со хартиите од вредност се одвива на секундарниот пазар на капитал.Downloads
Download data is not yet available.
Downloads
Published
2013-05-20
Issue
Section
Articles
How to Cite
Инвестициони проекти финансирани преку емисија на хартии од вредност. (2013). Yearbook - Faculty of Economics, 3(1), pp.127-136. https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/487