Структурата на капиталот како фактор во вреднувањето на претпријатијата и инвестиционите вложувања

  • Ilija Gruevski

Abstract

Едни од најпознатите категории со кои се занимава теоријата за финансиите во процесот на донесување долгорочни инвестициони одлуки се структурата на капиталот и просечната ценана капиталот. Првата од нив укажува на видот на капиталот од кој што структурата на капиталот е составена. Најчесто се среќаваат три различни типа на капитал кои им стојат на располагање на инвеститорите:заеми и обврзници, обични акции и задржана добивка, како и издавањето на преференцијали или приоритетни акции. Сите тие си имаат посебни цени т.е. барани стапки на принос. Втората категорија е просечната цена на капиталот и таа се дефинира како просечна пондерирана цена на структурата на капиталот и посебните цени на одделните видови на капитал. Целта на овој труд е да се испита дали инвеститорите можат да детерминираат оптимална финансиска политика (оптимална финансиска структура) која ќе резултира со минимална просечна стапка на капиталот,а преку тоа и со максимизација на вредноста на капиталот на фирмата.

Published
Apr 16, 2013
How to Cite
GRUEVSKI, Ilija. Структурата на капиталот како фактор во вреднувањето на претпријатијата и инвестиционите вложувања. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 1, n. 1, p. pp.87-106, apr. 2013. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/183>. Date accessed: 02 july 2020.

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>