ОМБУДСМАНОТ И ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Билјана Тодорова
  • Македонка Радуловиќ

Abstract

Во трудот се прави компаративна анализа на состојбите, констатациите и
препораките што ги утврдил Народниот правобранител на Република Македонија во однос на
правата на детето за 2016 и 2017 година. Споредбените сознанија се однесуваат на правата на
детето во семејството, на насилството врз децата, на правата на децата кои припаѓаат на ранливи
и маргинализирани групи, односно деца кои се бегалци / мигранти, потоа на прашањата од
областите здравствена заштита и образование на најмладиот дел од населението, како и на
правата на децата со посебни потреби.
Појдовна основа на елаборацијата се уставните и законските надлежности на
омбудсманот на Република Македонија и уставната и законската заштита на правата на децата
во нашата земја.
Оправданоста од подготовка на ваква анализа може да се пронајде во фактот што многу често во
јавноста (медиумите, социјалните мрежи, дебатите) како заштитници на правата на детето се
појавуваат граѓански, невладини организации, а поретко се присутни наоди во оваа област од
страна на Народниот правобранител на Република Македонија.
Клучни зборови: човекови права, правна заштита, народен правобранител, мерки на омбудсманот, насилство врз деца, уставни и законски надлежности

Published
May 27, 2019
How to Cite
ТОДОРОВА, Билјана; РАДУЛОВИЌ, Македонка. ОМБУДСМАНОТ И ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 8, n. 8, may 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3000>. Date accessed: 27 june 2019.