Предметот музичко образование во рамките на основното образование
Abstract
Основното образование во Р. Македонија е задолжително. Според Законот за основното образование во „Службен весник на Република Македонија“ број 103 од 19.8.2008 година, тоа трае девет години и се организира во три воспитно-образовни периоди и тоа: од I до III, од IV до VI и од VII до IX одделение. Започнувајќи од својата шеста година детето активно се вклучува во долготраен и плански процес, преку кој стекнува систематизирани знаења од разни области вклучувајќи ја и музиката. Музичкото образование како задолжителен предмет е застапен во сите одделенија од I до IX одделение. Со воведувањето на Концепцијата на деветгодишно образование (2007), предвидено е овој предмет да се изучува од I до V одделение со два часа неделно, додека од VI до IX одделение со еден час неделно. Притоа, во Концепцијата за деветгодишно основно воспитание и образование (2007) можеме да сретнеме податок со кој е предвидено најголем дел од наставата да ја изведува одделенскиот наставник, додека во училиштата каде има услови во V одделение да се вклучат предметни наставници по музичко, ликовно и техничко образование. Во тој случај учениците во вториот период од деветгодишното образованието (од IV до VI одделение) постепено ќе се запознаваат со нови предметни наставници од уметничкото подрачје. Со тоа би се спровеле идел од целите на основното образование со кои е предвидено на учениците да им се овозможи да усвојат систем на знаења и вештини за независно,ефикасно и креативно делување во општествената и природната околина.
References
Dickinson, D. (1993). Music and the Mind. MENC, извадено во јануари 2010 од:http://childparenting.about.com/gi/dynamic/offsite.htm?zi=1/XJ&sdn=childparenting&cdn=parenting&tm=12&f=10&su=p974.2.168.ip_p284.9.336.ip_&tt=2&bt=0&bts=1&zu=http%3A//www.newhorizons.org/strategies/arts/dickinson_music.htm
ЗАКОН ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ, објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 103 од 19. 8. 2008 година, превземено на 24 декември 2009 од: www.mon.gov.mk
Kojov-Bukvic, I. (1989). Metodika nastave muzickog vaspitanja. Beograd: Zavod za udzbenike i nastavna sredstva.
Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, февруари 2007, КОНЦЕПЦИЈА за деветгодишно основно образование и воспитание. Скопје, превземено на 24 декември 2009 од: www.bro.gov.mk
Петров Р. (1999). Третман на тешко ментално ретардирани лица. Неготино: ГТУП Спектар Ас.
Stephens, D. (2003, August 27 California). The Birthplace of Napster, the IPod and the Sounds of Santana and the Grateful Dead Leads the Nation in Cuts to Music Education in The Public Schools. Необјавен труд.
Sheftel, B. (2002). Music Education Curriculum in Public Schools. PageWise.