ОСНОВНИ НИВОА ВО АСОЦИЈАТИВНАТА ГРАМАТИКА

  • Marija Sokolova

Abstract

Асоцијативните речници се солидна база за најразлични истражувања. Врз основа
на материјалот од асоцијативниот речник може да се состави нов тип граматика – асоцијативна
граматика. Основен закон на кој се базира асоцијативната граматика е аналогијата. Една од
нејзините цели е да објасни како граматичкиот систем функционира во главата на просечен
говорител. Таа треба да го открие начинот на кој говорителите ги чуваат и користат податоците
за зборовите. Преку неа може да се опише граматичкиот модел.
Во овој труд ќе ги анализираме нивоата во асоцијативната граматика: семантичко-синтаксичко,
когнитивно и прагматичко ниво.

Published
2019-11-28