Курсевите за странски јазици како фактор за продолжување на туристичката сезона

  • Dejan Metodijeski
  • Kostadin Golakov

Abstract

Многу земји во светот се соочуваат со сезонското работење во туризмот и преку своите туристички политики креираат најразлични практики за да ја продолжат сезоната. Предмет на овој труд е сезонското работење во туризмот и организирањето на курсеви за странски јазици како еден од главните фактори за продолжување на сезоната. Во текстот е посочен примерот на Малта, која успешно развива ваков вид на едукативен туризам. Во оваа земја постојат над 40 училишта за изучување на англиски јазик кои се здружени во  Федерација и предлагаат најразлични видови на курсеви. Во заклучниот дел од трудот, направени се препораки како би можеле вакви курсеви за изучување на странски јазици да бидат организирани и понудени на странските туристи во посета на Република Македонија.

Published
Jun 29, 2015
How to Cite
METODIJESKI, Dejan; GOLAKOV, Kostadin. Курсевите за странски јазици како фактор за продолжување на туристичката сезона. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 4, n. 4, p. pp. 23-28, june 2015. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/640>. Date accessed: 31 may 2020.