Фактори на меѓучовечкиот однос - како императив за успешно воспитно делување

  • Emilija Petrova Gorgeva

Abstract

Суштината на развојот на поединецот е во оспособувањето заживот, работа, создавање и активно учество во сите негови сфери. Дазнаеш, да умееш, да сакаш да извршуваш одредена дејност, всушност, еуслов за општествена и биолошка егзистенција. Во тој постојан процесодново и одново се вклучени сите видливи и невидливи сили што дејствуватво полето на меѓучовечките односи. Старото тркало како симбол наконтинуираниот развој во себе остава простор за сие аспекти од развојот- воспитание, образование, оспособување, учење, фактори, как дел одеден сложен и динамичен процес. Каде и да ги насочиме патиштата нанашето дејствување крајната цел ќе ни биде потполн човеков развој,невозможен надвор од меѓусебната интеракција меѓу сите аспекти. Целтада проговорам за меѓучовечкиот однос е да ја подигнам корелацијатапомеѓу меѓучовечките односи и воспитанието над другите не помалкуважни интеракциски аспекти од развојот на индивидуата. Во таа смисласакам и да го извлечам овој заемен циркуларен процес надвор од строгитерамки на воспитно-образовниот систем како нешто многу покомплексно.Имајќи го предвид фактот дека поединецот расте внатрешно токму прекупостојана интеракција и комбинација на сите фактори кои влијаат врзнего во средината во која опстојува, сакам да ги поставам меѓучовечкитеодноси како основа на тој постојан развој во општеството влијаејќиимперативно врз феноменот воспитание како камен-темелник и регулаторна тие односи.
Published
Nov 21, 2014
How to Cite
PETROVA GORGEVA, Emilija. Фактори на меѓучовечкиот однос - како императив за успешно воспитно делување. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 9, n. 13, p. pp. 19-34, nov. 2014. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/911>. Date accessed: 24 nov. 2017.