ОСВРТ КОН ПРИМЕНА НА МАТЕМАТИЧКО – МОДЕЛИСКИ ПРИСТАПИ ПРИ ГЕОМЕХАНИЧКИ ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА
Abstract
Во овој труд даден е пристап кон можна примена на математичко – моделски истражувања при геомеханички испитувања. При тоа, направени се конкретни геомеханички лабораториски испитувања на примерок на гранит. Потоа за овие испитувања, направено е математичко – моделски истражувања со цел замена моделирање на физичко – механичките истражувања. При тоа, лабораториски материјалот е здробен, класиран и пресметани се волуменската маса во природна и растресита состојба (по дробењето). Исто така, подготвен е 3D модел со реконструкција на слики од реалниот модел. Потоа, од овој 3D модел со примена на DEM (Discrete Element Method), направен е модел од честички (зрна) кои го заменуваат здробениот материјал и на кој се анализирани некои физичко – механички карактеристики. Со компаративна анализа е дефинирана разликата помеѓу реалните лабораториски и моделираните резултати.