OСКУЛТАЦИЈА НА ДРЕНАЖНИОТ СИСТЕМ НА ХИДРОЈАЛОВИШТЕ БР. 3.2 И ХИДРОЈАЛОВИШТЕ БР. 4 НА РУДНИК САСА – М. КАМЕНИЦА ЗА 2020 ГОДИНА
Abstract
Во овој труд се прикажани резултатите од оскултацијата на дренажниот систем на хидројаловиштето бр. 3.2 и хидројаловиштето бр. 4 на рудникот САСА во Македонска Каменица во 2020 година. Мониторингот на дренажните води, преку кои се манифестира едно од најголемите влијанија на хидројаловиштето врз околната животна средина, се извршува согласно А интегрираната еколошка дозвола, издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) на инсталацијата Рудник САСА.
Добиените резултати од хемиските анализи на дренажните води покажуваат дека од сите анализирани параметри само манганот, континуирано, се појавува во количина, нешто, над дозволеното во однос на пропишаните МКД вредности. Сите останати параметри по својата застапеност во овие води се далеку под дозволените граници. Хемиските анализи на преливните води од таложното езеро покажаа дека сите анализирани елементи се во границите на дозволеното, согласно А интегрираната еколошка дозвола. Тоа покажува дека водите кои доаѓаат директно од технолошкиот процес, не содржат манган над дозволеното. Многу индикатори укажуваат дека, зголеменото присуство на манган, не е само од антропогено потекло. Потеклото на нешто зголеменото присуство на манган, во измешаните дренажни води, може да се објасни со зафатените природни води во дренажата на јаловиште бр. 3-2.