ЕКОЛОШКИ ЕФЕКТИ ОД СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „БИООТПАД“ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП

  • Afrodita Zendelska Faculty of Natural and Technical Sciences, University "Goce Delcev" Stip, Macedonia
  • Nikolinka Doneva
  • Marija Hadzi-Nikolova
  • Dejan Mirakovski
  • Gorgi Dimov

Abstract

Проектот Плати колку што создаваш отпад (PAYT - Pay As You Throw Systems) и Автономни компостерски единици (Autonomous Composting Units) за управување со биоотпад во туристичките области (акроним: BIOWASTE), беше реализиран од 2017 до 2020 година и истиот е кофинансиран од Европската Унија и Националните агенции за финансирање. Во проектот беа вклучени две групи од општина Пробиштип, дел од децентрализирана урбана заедница и неколку поголеми и помали угостителски објекти. Успешната реализација на овој  проект се огледа во остварувањето на поставените цели, низа еколошки и економски придобивки за општина Пробиштип. Во овој труд се прикажани остварените еколошки ефекти од спроведувањето на проектот БИООТПАД, како што се: намалување на емисија на стакленички гасови, намалување на количината на исцедок што се јавува во депониите, намалување на површината на депонијата, намалување на транспортот за собирање и отстранување на отпадот, како и добивање на компост.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-12-10
How to Cite
Zendelska, A., Doneva, N., Hadzi-Nikolova, M., Mirakovski, D., & Dimov, G. (2020). ЕКОЛОШКИ ЕФЕКТИ ОД СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „БИООТПАД“ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП. Natural Resources and Technology, 14(14), 63-70. https://doi.org/10.46763/NRT20140063z

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>