КОНТРОЛА НА ФИЛТРАЦИОНИТЕ ПРОЦЕСИ НИЗ ТЕЛОТО НА БРАНАТА НА ЈАЛОВИШТЕ 3-2 НА РУДНИК САСА
DOI:
https://doi.org/10.46763/NRT2014005gAbstract
Процесите на филтрирација низ телото на песочната брана кај конвенционалните хидројаловишта, кои се градат со низводен метод, се еден од најважните елементи кои директно влијаат на стабилноста на браната, а со тоа и на целокупната инсталација на хидројаловиштата. Со контролирање на нивото на провирните линии низ телото на браната, ние индиректно ја контролираме работата на дизајнираните дренажни ќилими, чија функција е да ја фатат филтрационата вода низ телото на песочната брана и да се исцедат низводно во форма на дренажна вода. Овој труд го покажува начинот на контрола на процесите на филтрација низ телото на песочната брана бр. 3-2 кај рудникот Саса преку систем на пиезометри и преку редовно испитување на основните геомеханички параметри на песокот од кој е изградена браната.