ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВИ ТЕХНИКИ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ФЛОТАЦИСКА ЈАЛОВИНА ВО СТАРИ ПОВРШИНСКИ КОПОВИ
DOI:
https://doi.org/10.46763/NRT21152015hnKeywords:
подводно одлагање, суво одлагање, покривка, откопан просторAbstract
Праксата на несоодветно одлагање на флотациската јаловина во минатото постојано потсетува на сериозните негативни влијанија врз животната средина. Еден од начините за минимизирање на ова влијание е одлагање на флотациската јаловина во површински копови чија експлоатација е веќе завршена. Клучните еколошки прашања, како и оние кои се од интерес на јавноста се однесуваат на: долгорочна стабилност на одлагалиштата; долготрајно испирање/лужење; и ерозија на површинските одлагалишта. Значајни фактори кои треба да се земат предвид при проценка на применливоста на методологијата за одлагање на отпадот од минерални суровини во копови чија експлоатација е веќе завршена вклучуваат: хидрогеологија на локацијата, геохемија на отпадот, морфологија на копот и релевантни алтернативи. Во овој труд се презентирани еколошки прифатливи техники за одлагање на флотациската јаловина во откопаните простори.