ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВИ ТЕХНИКИ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ФЛОТАЦИСКА ЈАЛОВИНА ВО СТАРИ ПОВРШИНСКИ КОПОВИ

  • Marija Hadzi-Nikolova
  • Dejan Mirakovski
  • Afrodita Zendelska Faculty of Natural and Technical Sciences, University "Goce Delcev" Stip, Macedonia
  • Nikolinka Doneva
Keywords: подводно одлагање, суво одлагање, покривка, откопан простор

Abstract

Праксата на несоодветно одлагање на флотациската јаловина во минатото постојано потсетува на сериозните негативни влијанија врз животната средина. Еден од начините за минимизирање на ова влијание е одлагање на флотациската јаловина во површински копови чија експлоатација е веќе завршена.  Клучните еколошки прашања, како и оние кои се од интерес на јавноста се однесуваат на: долгорочна стабилност на одлагалиштата; долготрајно испирање/лужење; и ерозија на површинските одлагалишта. Значајни фактори кои треба да се земат предвид при проценка на применливоста на методологијата за одлагање на отпадот од минерални суровини во копови чија експлоатација е веќе завршена вклучуваат: хидрогеологија на локацијата, геохемија на отпадот, морфологија на копот и релевантни алтернативи. Во овој труд се презентирани еколошки прифатливи техники за одлагање на флотациската јаловина во откопаните простори.

 

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2021-11-19
How to Cite
Hadzi-Nikolova, M., Mirakovski, D., Zendelska, A., & Doneva, N. (2021). ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВИ ТЕХНИКИ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ФЛОТАЦИСКА ЈАЛОВИНА ВО СТАРИ ПОВРШИНСКИ КОПОВИ. Natural Resources and Technology, 15(2), 15-22. https://doi.org/10.46763/NRT21152015hn

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 > >>