ОДРЕДУВАЊЕ НА ВОЛУМЕН НА БАЗЕН ЗА ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА ПРОТОКОТ И СОСТАВ НА ОТПАДНА ВОДА

  • Afrodita Zendelska Faculty of Natural and Technical Sciences, University "Goce Delcev" Stip, Macedonia
  • Mirjana Golomeova
  • Blagoj Golomeov
Keywords: изедначување, БПК, проток, аерација

Abstract

Функцијата на постројката за третман на отпадни води е да го подобри квалитетот на отпадните води со отстранување на суспендирани органски и неоргански цврсти материи и други материјали пред да ги испушти во водотеците. Кај постројките за третман на отпадни води, стапката со која отпадните води пристигнуваат во процесот за третман може да варира во текот на денот, така што е погодно да се изедначи протокот пред да се внеси отпадната вода во некои од процесите за нејзин третман. Обезбедувањето постојан проток и оптоварување со БПК е важно за одржување на оптимален третман. Базените за изедначување се уреди дизајнирани за да обезбедат константен проток и состав на отпадната вода и со примена на овие уреди се постигнува постојан или скоро постојан проток. Поради дополнителното време на задржување на водата во базените, потребна е дополнителна аерација и мешање за да се спречи отпадна вода да стане септичка и да се одржат цврстите материи во суспензија.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2021-06-07
How to Cite
Zendelska, A., Golomeova, M., & Golomeov, B. (2021). ОДРЕДУВАЊЕ НА ВОЛУМЕН НА БАЗЕН ЗА ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА ПРОТОКОТ И СОСТАВ НА ОТПАДНА ВОДА. Natural Resources and Technology, 15(1), 83-91. https://doi.org/10.46763/NRT211510083z

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>