УТАУТ и нејзината примена во образовна средина: преглед на состојбата

Autor/innen

  • Mirjana Kocaleva
  • Igor Stojanovik
  • Zoran Zdravev

Abstract

Информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) имаат потенцијал да ги подобрат сите аспекти на нашиот општествен, економски и културен живот. Воведувањето на ИКТ во универзитетите како високообразовни установи, јасно го менува начинот на кој образованието се спроведува. Но, колку што е важно воведувањето, толку е важно и прифаќањето на новите ИКТ. За таа цел ќе ја употребиме унифицираната теорија за прифаќање и употреба на технологијата (УТАУТ) со која ќе се објасни намерата на корисникот да користи информациони системи и последователно да го следи однесувањето од нивното користење.

Во трудов е опишан моделот УТАУТ и факторите кои влијаат на него, како и неговата модификација со текот на времето. Понатаму се дадени примери за примената на УТАУТ во различни средини. И на крај, во заклучокот наведуваме зошто прифаќањето на ИКТ е задолжително и што треба да се преземе за да се прифати една нова технологија.

Veröffentlicht

2014-06-03

Ausgabe

Rubrik

Articles

Am häufigsten gelesenen Artikel dieser/dieses Autor/in

1 2 > >>