Модел на прифаќање и употреба на репозиториумот наменет за наставниот кадар при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Authors

  • Mirjana Kocaleva
  • Igor Stojanovik
  • Zoran Zdravev

Abstract

Секојдневно сме изложени на употребата на интернетот во сите сфери на нашето живеење. Па така, неговата примена е важна и во процесот на образованието. Политиката на Универзитетот „Гоце Делчев“ е да се има највисок степен на користење на интернетот во сите сегменти на управувањето, администрирањето и наставата. За таа цел спроведен е проект за зголемување на веб видливоста на Универзитетот „Гоце Делчев“ со помош на интернетот. Како важен дел од тој проект е воведувањето на репозиториумот во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“, кој е и тема на нашето истражување.

Во трудов е опишан проектот за зголемување на веб видливоста на Универзитетот „Гоце Делчев“ и воведувањето на репозиториумот како важен дел од тој проект. Понатаму во трудот е даден приказ на резултатите од анкетата спроведена за употребата и прифатеноста на репозиториумот од страна на наставниот кадар при Универзитетот „Гоце Делчев“,  со примена на УТАУТ теоријата. И за крај, во заклучокот, ја дефинираме важноста од успешната употреба на репозиториумот и ефектот на факторите на УТАУТ теоријата.

Downloads

Published

2015-05-19

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>