ОСНОВИ НА КАМАТАТА - ДЕТЕРМИНАНТИ И ПРЕДВИДУВАЊЕ
Abstract
Почнувајќи од раните осумдесетти години на 20 век, математичките пресметки што се користат во анализата на инструментите на пазарот на кредити стануваат сѐ покомплексни. Основна причина за тоа е постојаната флуктуација на каматните стапки, многу почестите промени во трендот на движење на приносот и комплексноста на кредитните инструменти. Каматата претставува износ пари кој се плаќа поради користење на одредена сума пари. За позајмувачите на пари каматата претставува извор на приход, додека за оние кои позајмуваат пари, таа е трошок на заемот. Вредноста што се позајмува и на којашто се пресметува каматата се нарекува основна вредност или главница. Општо, каматата се изразува како конкретна стапка за одреден временски период, обично една година, така што се нарекува годишна каматна стапка.