МЕНАЏМЕНТ ФИЛОЗОФИЈА НА СОВРШЕНСТВО - ЛИДЕРСТВО СО ЉУБОВ
Abstract
Менаџмент филозофијата на совршенство односно лидерството со љубов не може да се извршува доколку лидерот не поседува изграден вредносен систем со трајни вредности, заснoвани врз принципите на љубовта. Таквиот лидер мора вистински да љуби, да знае да ја пренесе својата нелицемерна љубов, тој треба добро да го разбира човечкото однесување и мора да биде во состојба да остварува комуникација, да мотивира и да ги води другите со својот авторитет, со својот пример и со своите правилни постапки. За подобро да се познаваат луѓето односно подобро да се разбере нивното однесување, ангажираност, работење и другите активности во организацијата, истите треба подолго да се набљудуваат (перцепираат), да се знаат нивните биографски карактеристики, нивниот развој, нивната мотивираност, да се слушне нивното мислење, мислењето на другите за нив и воопшто да се познава личноста-човек како поим, со сиот нејзин развој, карактеристики, особини и погледи.