ПРЕФЕРИРАЊЕ НА ХАРИЗМАТИЧНО ЛИДЕРСТВО ВО РАКОВОДЕЊЕТО СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ СУБЈЕКТИ
Keywords:
харизма, визија, влијание, вредности, предизвик.Abstract
Харизматичното лидерство поттикнува активност, чувство на заедништво, отвореност, оптимизам, настојување и ефективност во извршувањето на задачите. Харизматичните лидери внесуваат љубов, верба и почит меѓу соработниците и вработените. Всушност, харизматичното лидерство е еден од клучните фактори коишто влијаат врз развојот на организацијата, без оглед на тоа дали се работи за организација чијшто производ се материјалните добра или пак се работи за некоја услужна организација. Неговата примена поттикнува влијание кон другите за свесно извршување на своите задачи. Имено, влијанието врз другите е влијание кое харизматичниот лидерот со високи и трајни вредности го постигнува без принуда. Харизматичниот лидер се фокусира на соработка, доверба, тимска работа, партиципација на вработените во донесување на заеднички одлуки, на мотивација на вработените, на создавање пријатна работна атмосфера и на создавање добри меѓучовечки односи во организацијата.