ПРИМЕНА НА МЕТОДИТЕ И ТЕХНИКИТЕ ЗА БЕЗДЕФЕКТНО ПРОИЗВОДСТВО ВО ПРОЕКТИРАЊЕТО НА СИСТЕМ НА КВАЛИТЕТ И ОПТИМИЗАЦИЈА НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

  • Elizabeta Mitreva
  • Lubica Stefanovska

Abstract

Во фабриката за шински возила неопходно е да се почитуваат железничките стандарди, стандардите за производство, монтажа, сервис и безбедност на транспорт на луѓе и добра. За да има непречено одвивање на деловните процеси, неопходна е примена на стандардите ISO 9000, преку кои се изгради систем за обезбедување на квалитет. Но, добар систем за квалитет не значи само систем со кој ќе се обезбеди проектираниот квалитет, туку управување и оптимизирање на процесите. За таа цел, при проектирањето на стандардните оперативни процедури, се примени соодветна методологија за методите и техниките на статистичката процесна контрола за бездефектно производство и методологија за оптимизирање на трошоците. Во овој труд се применети: карта на трендот, контролна карта, корелациона анализа, Парето пристапот и Ишикава методата. Од резултатите кои се добиени со ова истражување се дојде до сознание дека со примена на методологијата за SPC и методологијата за оптимизирање на трошоците, може да се постигне дефинираниот квалитет и подобра продуктивност при најмали трошоци во работењето.

 

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2018-09-11
How to Cite
Mitreva, E., & Stefanovska, L. (2018). ПРИМЕНА НА МЕТОДИТЕ И ТЕХНИКИТЕ ЗА БЕЗДЕФЕКТНО ПРОИЗВОДСТВО ВО ПРОЕКТИРАЊЕТО НА СИСТЕМ НА КВАЛИТЕТ И ОПТИМИЗАЦИЈА НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ. Yearbook - Faculty of Economics, 1(1), 202-212. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/2372

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>