РЕИНЖЕНЕРИНГОТ КАКО МЕТОД И ПРИСТАП ЗА АДАПТИРАЊЕ ПРИ ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПРОМЕНИ
Keywords:
промени, адаптирање, процес, реинжинеринг, перформанси.Abstract
Во ова време на живеење и стопанисување, за успешно работење
на организациските субјекти е неопходно нивно приспособување
според промените, за што се користат разни методолошки пристапи.
Како најприменувани методолошки пристапи коишто денес најчесто се
користат се следниве: рационализација, реорганизација, реструктуирање
и реинженеринг.
Реинженеринг е фундаментално преиспитување и радикално
редизајнирање на организационата структура и креирање на нови
процеси, нови системи, нови структури и нови начини за спроведување
на промените и успехот на компанијата, со цел да се постигне драматично
подобрување во клучните показатели на перформансите како што се:
трошоците, квалитетот на услугите и брзината.
За да успее реинженерингот е потребно да се има јасна визија, т.е. мора
јасно да се знае што треба да се постигне со неа. Зашто, брзите промени
во светското стопанство за современите организацијата претставуваат и
ризик и шанса. Ризик доколку претпријатието не се адаптира на промените,
а шанса доколку таа ги искористи условите.
Во трудот ќе бидат истакнати карактеристиките на реинжинерингот
како методолошки пристап на адаптирање на организацијата кон
промените.