ФИНАНСИСКАТА АНАЛИЗА КАКО МЕТОДОЛОШКИ ИНСТРУМEНТ ЗА ОЦЕНКА НА ФИНАНСИСКАТА УСПЕШНОСТ НА КОМПАНИИТЕ
Keywords:
бруто профитна маржа, дипонт анализа, принос на вкупни средства, мултипликатор, оперативна профитна маржа, принос на вкупни средства.Abstract
Финансиската анализа се занимава со истражување и квантифицирање на функционалните односи кои постојат помеѓу билансните позиции на состојба и успех, со цел да се овозможи веродостојна оценка за финансиската состојба и активноста на претпријатието. Може да се каже дека, всушност, финансиската анализа претставува збир на методи, постапки и инструменти на откривање, прикажување и интерпретација на билансните позиции за состојбата и успехот на претпријатието врз основа на неговите финансиски извештаи. Исто така, може да се каже дека финансиската анализа на финансиските извештаи претставува и се занимава со истражување и нумеричко претставување на финансиските односи кои постојат помеѓу билансните позиции на состојба и успех, со цел да се овозможи што пообјективна оценка на финансиската положба и активноста на претпријатието. Цел на финансиската анализа претставува оценување на финансиската рамнотежа на претпријатието и испитување на финансиската положба на претпријатието заедно со рентабилното работење и ликвидноста кои се важни за акционерите и вработените во претпријатието.