УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР
Keywords:
УЧР, вработени, банки, организација, работна сила, процеси, продуктивностAbstract
Менаџментот на човечки ресурси е процес на управување со луѓе во организациите на структуриран и темелен начин. Ова ги опфаќа областите на екипирање (ангажирање на луѓе), задржување на луѓе, утврдување и управување со плати и надоместоци, управување со перформансите, управување со пристапот кон бенефициите и надоместоците на вработените, евиденцијата на вработените и кадровските политики, управување со промени и грижа за излез од компанијата за заокружување на активностите. Управувањето со човечките ресурси е потсистем на секоја компанија, па исто така и на банките. Вработените во банка мора да имаат повисоко ниво на интегритет и доверба од вработените во повеќето други индустрии, што ја прави улогата на човечки ресурси во банкарскиот сектор многу поважна. Речиси секоја банка и финансиска институција е вклучена во различни функции на работното место и на тој начин бара многу ефикасен тим и соодветна работна сила. Денес, банките се фокусираат на дизајнирање процеси и услуги за привлекување, развој и задржување на врвни таленти, преземајќи чекори за да ја задржат својата работна сила, мотивирани преку соодветно охрабрување како конференции, спортски настани, вечери, патувања спонзорирани од банката, собири итн.,како и создавајќи кај вработените чувство на припадност.