ЛИДЕРОТ КАКО ПРИМЕР НА ОДНЕСУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ НА ОРГНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА
Keywords:
лидерство, следбеници, промени, инспирација, креативност, самоиницијативност, учење, одговорност.Abstract
Денес е потребен нов начин на водење и управување со фирмите каде лидерот ги инспирира своите следбеници да ја следат неговата визија и сите заедно да се посветени кон остварување на заедничката цел. Лидерот мора да претставува пример за вработените кои ги инспирира навремено и квалитетно да ги извршуваат поставените задачи и да даваат индивидуални иницијативи и превземаат сопствени одговорности за ефикасно и ефективно работење. Лидерот мора да се одликува со карактеристики како што се: личен интегритет, доверба од следбениците, креативност, тимска ориентација, благодарност кон другите, учење, одговорност, признавање, и други. Тој преку конкретни лични примери и дела ја менува перцепцијата и очекувањата, а нивниот заразен ентузијазам е дополнителна мотивација за нивните следбеници да направат дополнителен исчекор за комплетирање на задачата. Преку својот пример на однесување на начин што ќе иницира развивање на самодисциплина, самоиницијативност и самозалагање, лидерот ќе придонесе за подобрување на организациската култура и остварување на целите во организацијата.