ПРИМЕНА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО УСЛОВИ НА КОВИД 19
Abstract
Годините 2020, како и 2021, беа и сѐ уште се сведок на најекстремната економска
криза во 21 век. За разлика од рецесиите што се случија во изминатите две децении, оваa криза
е резултат на пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид-19. Најголем дел од деловните
ентитети кои работат во турбулентно економско опкружување, со многу нови предизвици и во услови
на зголемена неизвесност, се соочуваат со зголемена комплексност во фнансиското известување
за влијанието на Ковид-19 врз нивните финансиски извештаи. Предмет на овој труд претставува
обработка на предизвиците со кои се соочуваат деловните ентитети во примената на Меѓународните
стандарди за финансиско известување во услови на ковид кризата. Со истите тие предизвици се
соочуваат и ревизорите кои ги ревидираат објавените финансиски извештаи, како и инвеститорите
кои донесуваат одлуки врз основа на истите.
Downloads
References
Chabot Grant Thornton, April, 2020:
2. Applying IFRS Standards in 2020-impact of covid-19, IFRS, October, 2020:
3. IFRS 9 and covid-19—Accounting for expected credit losses/