КУЛТУРНИ ДИМЕНЗИИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ДЕЛОВНА СРЕДИНА
Keywords:
културни ориентации, културна комплексност, меѓународен бизнисAbstract
Културата може да се сфати како начин на живеење на луѓето и
како тие се однесуваат едни со други и нивната околина. Културата има
материјални и нематеријални манифестации. Материјалните и опипливи
манифестации го добиваат својот израз преку функционални објекти,
уметнички предмети, вештини, музика, литература. Нематеријалните
аспекти на културата се манифестираат преку системот на вредности што
луѓето го користат во контакт со околината. Јазикот, националната или
етничката припадност и религијата се основните компоненти на културата.
Токму, предмет на истражување во овој труд се културните димензии
на меѓународната деловна средина. Резултатите од истражувањето
укажуваат на тоа дека дека наведените димензии и скали на вредности на
одредени национални култури имаат директни импликации врз деловното
и организациското однесување.