Европската Унија во меѓународните односи: помеѓу теорииите за меѓународни односи и теориите за евроинтеграција
Abstract
Специфичната организација и уредување на Европската
унија предизвикува значајни тешкотии при нејзиното дефинирање,
бидејќи од една страна ја надминува организацијата на меѓународната
организација, но, од друга страна, сепак не го надминува класичниот
концепт на европска држава. Во недостаток на една сеопфатна теорија која
би можела да ги објасни нејзините карактеристики, овој труд говори за
најблиските теоретски гледишта, кои ја проучуваат Унијата како субјект
во меѓународниот систем, способен да креира и да спроведува политики,
и кои се обидуваат да ја доловат нејзината природа, и тоа: теориите за
меѓународните односи и теориите за европски интеграции. Тргнувајќи
од нив, направен е подетален приказ на главните парадигми на теориите
за меѓународните односи изразени преку реализмот, либерализмот и
конструктивизмот, како и направен е приказ на позначајните теоретски
стојалишта на теориите за европска интеграција, содржани во
федерализмот, функционализмот, интерговерментализмот и социјалниот
конструктивизам.
Клучни зборови: Европска унија, реализам, либерализам, конструктивизам, федерализам, функционализам, интерговермента- лизма, социјален конструктивизам.