ТЕКОТ НА ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ПО УКРАИНСКАТА КРИЗА
Abstract
Изменетото меѓународно опкружување кое произлезе со
украинската криза предизвика нови геополитички моменти и групирања
на меѓународната сцена, и ја отвори дебатата за враќање на Студената
војна. Освен тоа, украинската криза и припојувањето на Крим кон Русија
беа двете доминантни теми за кои се говореше на последниот самит
на НАТО во Велс, од кој произлезе нова безбедносна стратегија која
значително ќе влијае врз евроатлантските интеграции.
Клучни зборови: НАТО, евроатлантски интеграции, украинска
криза, Руска Федерација