КРИТИКИ И ЛИМИТИ НА КОНЦЕПТОТ НА „НОРМАТИВНА МОЌ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА“
Abstract
Концептот на „нормативната моќ на Европската унија“,
формулиран од Манерс во 2002 г., кој ja опишува Европската унија како
актер со нормативна моќ во меѓународните односи способна да ги менува
концепциите за „она што се смета за нормално“ кај другите, претставува
концепт кој не успева целосно да ја долови епистемолошката и онтолошката
вистина за Европската унија. Како резултат на тоа, научните диспцилини
на меѓународните односи, на европската интеграција и на анализата на
надворешна политика, развиваат критички осврти насочени кон концептот,
особено кон неговата природа, цели, инструменти и слично.
Клучни зборови: нормативна моќ на Eвропската унија, нормативни вредности, нормативни инструменти, воена моќ