ЕКСТЕРНАЛИЗАЦИЈА НА БЕЗБЕДНОСТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА ЕУ: МИТ ИЛИ РЕАЛНОСТ?

  • Ана Никодиновска Крстевска

Abstract

Во серијата на терористички напади што се случија во Европските градови во последните години, беше докажано дека постои директна врска помеѓу напаѓачите и миграциската криза, во однос на тоа дека напаѓачите не биле граѓани на ЕУ, туку бегалци коишто нерегуларно влегле на територијата на ЕУ преку миграцискиот бран. Како резултат на тоа, овие две закани за внатрешната и надворешната безбедност на Унијата беа восприемени како нешто повеќе од една обична врска, односно како закани кои се меѓусебно поврзани и се надополнуваат една со друга. Оттука, справувањето со овие закани не претставува единствено безбедносно и одбранбено прашање, туку има повеќедимензионален пристап и засега една плејада на прашања коишто влегуваат во рамките на различките европски политики како што се азилот и миграцијата, трговијата и соработката, политиката за проширување и други. Земајќи го предвид ова, трудот ќе има за цел да ги истражи безбедносните пристапи на Европската унија кон овие закани и да утрврди како Европската унија се справува со нив.
Клучни зборови: екстернализација на безбедноста на ЕУ, меки инструменти и инструменти на тврда моќ, миграциска криза, источно-медитеранска и централно-медитеранска рута

Published
2023-08-17

Most read articles by the same author(s)