ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ГРЦИЈ НИЗ ПРИЗМАТА НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО

  • Ана Никодиновска Крстевска

Abstract

Со Договорот од Преспа склучен меѓу Република Македонија и Република Грција,
всушност ѝ се наметна обврска на Република Македонија да го смени името во Република
Северна Македонија, како ѝ да изврши серија на промени во внатрешно-политичкиот систем со
кои се поткопуваат и се уништуваат државно-правниот и етничкиот идентитет на Републиката и
на македонскиот народ. Договорот, освен тоа што е склучен на противправен начен со повреда
на суштински норми од внатрешниот поредок на македонската држава, тој според општото
меѓународно право поседува и недозволен предмет на преговарање кој е спротивен на основните
јус когенс норми на меѓународната заедница, како што се: правото на самоопределување на
народите, принципот на суверена еднаковст на државите и забраната за мешање во внатрешните
работи на државите. Тргнувајќи од тоа, трудот има за цел да го анализира Договорот од Преспа
низ призмата на меѓународното право, да ги елаборира повредите и да ги утврди основите за
ништовност врз основа на одредбите од Виенската конвенција за договороно право од 1969 г.
Клучни зборови: Договор од Преспа, јус когенс норми, ultra vires акт, самоопределување на народите, принцип на суверена еднаквост на државите, забрана за мешање во внатрешните работи на државите

Published
2019-05-27

Most read articles by the same author(s)