ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ НА НОВИНАРСКАТА ПРОФЕСИЈА
Abstract
Новинарството е тешка и одговорна јавна професија.
Неговото функционирање се заснова на определени професионални
стандарди, кои новинарите треба стриктно да ги почитуваат.
Предмет на овој труд се основните професионалните стандарди на
новинарскатапрофесија кои се универзални и задолжителни. Во трудот ќе
се фокусираме на најважните професионални стандарди на новинарската
професија кои се регулирани во Етичкиот кодекс на новинарите. Како
фундаментални професионални стандарди на кои ние ќе се задржиме се:
слободата на изразување, слободата на критика, вистината, точноста,
чесноста, чување на приватноста, чувањето на изворот на информација,
недискриминацијата, стручност, компетентност и одговорност и други.
Клучни зборови: слобода на изразување, слобода на критика, вистина, точност, чесност, одговорност, непристрасност, независност