ПРАВО НА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ СО АКЦЕНТ НА ПРАВОТО НА ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ НА ОСИГУРЕНИТЕ ЛИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Abstract
Системот на социјално осигурување традиционално е исклучива надлежност на државата. Државата е таа која ја одредува природата и содржината на националниот систем на социјално осигурување: мноштво бенефиции, стапка на плаќање, начинот на финасирање на бенефициите и условите (критериумите) за добивање на истите.
Правото на здравствена заштита и здравствено осигурување се фундаментални социјални права на човекот. Овие права се гарантирани со најважните правни акти на МОТ, ООН, Советот на Европа и ЕУ. Наведените права на национално ниво се имплеметирани во Уставот на РМ, Законот за здравствено осигурување и голем број на поздаконски акти. Со Законот за здравствено осигурување на РМ здравственото осигурување се установува како задолжително и доброволно. Задолжително здравствено осигурување се установува за сите граѓани на Република Македонија заради обезбедување на здравствени услуги и парични надоместоци врз начелата на сеопфатност, солидарност, еднаквост и ефективно користење на средствата под услови утврдени со овој закон и го спроведува Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.
Доброволно здравствено осигурување се установува за обезбедување на здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување и истото можат да го спроведуваат друштва за осигурување основани според прописите за осигурување.
Во рамките на задолжителното здравствено осигурување се обезбедува правото на парични надоместоци на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство и право на надоместок на патни трошоци.
Парични надоместоци претставуваат парите што едно трговско друштво (претпријатие) или владина агенција ги обезбедува на вработените за посебна намена, како што се транспорт, здравствените трошоци или надоместок на вработените кој е дистрибуиран преку редовни плати
Клучни зборови: здравствено осигурување, здравствена заштита, осигуреници