НОВИНАРСТВОТО ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ВО ШТИП – ПОДЕМИ И ПАДОВИ

  • Андон Мајхошев

Abstract

Трудот пред се е истражувачки и се фокусира на истражување на

хронолошкиот развој на новинарство во претпријатијата во периодот на социјализмот

преку анализа и истражување на појавата на шест весници во исто толку работни

организации (претпријатија) во Штип. Во рамките на трудот го детерминираме поимот

и теоретската дефиниција на новинарството во претпријатијата. Исто така, во трудот се

осврнуваме на појавата, развојот и опстојувањето на весниците во претпријатијата,

односно на нивните подеми и падови. За таа цел, го анализиравме концептот,

уредувачката политика, персоналниот состав на редакциите, но и на нивната улога во

информирањето на вработените, како и нивната едукативна функција во однос

вклучувањето на вработените во процесот на самоуправувањето и донесувањето на

важни одлуки за развојот на своите претпријатија.

Клучни зборови: новинарство, весници, претпријатие, социјализам,

самоуправување.

Published
2025-02-06

Most read articles by the same author(s)