ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА ВО МЕДИУМИТЕ (ПРАВО НА ПРИВАТНОСТ)
Abstract
Во трудот ќе се фокусираме на односот на медиумите кон приватноста на
граѓаните. Честопати, медиумите известуваат непрофесионално кон животот и животните
случувања на граѓаните, без разлика дали станува збор за убавата или лошата страна на животот.
Тие информираат за човековите судбини, трагедии, семејни болки (смрт, убиства, семејни
несреќи, болести), заборавајќи на професионалните стандарди на однесување во таквите
околности. Медиумите, во потрага по сензационалност понекогаш известуваат не
професионално во однос на почитувањето на приватноста, не водејќи сметка дека со начинот на
информирање ја зголемуваат болката и тагата на човекот.
Основна интенција на трудот е да укаже на важноста и значењето на приватноста,
односно како да се однесуваат медиумите и медиумските работници кога известуваат за
приватниот живот на човекот и неговото семејство. Притоа, медиумите мора да се раководат од
професионалните стандарди кои упатуваат на тоа дека медиумите треба да знаат да повлечат
црвена линија помеѓу приватноста на поединецот и информирањето кое е во функција на јавниот
интерес.
Во трудот направиме анализа на најважните закони во Република Македонија со кои се
штити приватноста на граѓаните од медиумите, а во тој контекст и на одредени категории на
лица, пред се детето и лицата со посебни потреби.
Клучни зборови: приватност, медиуми, професионален стандард