АНАЛИЗА НА ОДРЕДБИТЕ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 1990-2010 ОД АСПЕКТ НА ПРИМЕНАТА НА НАЧЕЛОТО ПОПОВОЛНОСТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ (in favorem laboratories)

  • Андон Мајхошев

Abstract

Основно истражувачко прашање во овој труд
(анализа) е дали во колективните договори во Република Македонија
е имплементирано начелото поповолност за вработените (in favorem
laboratories) и до кој степен?. И колку моќта на синдикатот придонела за
вградување на интересите на вработените во одредбите на колективните
договори?. Одговорите на горенаведените прашања ќе ги добиеме преку
примена на методот на анализа на содржината на одредбите на Законот
за работни, Општите колективни договори и посебните (гранкови)
колективни договори и интервју на дваесет претставници на синдикатот,
здруженијата на работодавачи и власта.
Трудот во основа претставува долгорочна, систематска и темелна
анализа на одредбите на колективните договори на двe нивоа во периодот
1990-2010 година. Прво ниво на анализа се одредбите на Општите
и посебни колективни договори во однос на oдредбите на Законот за
работни односи. Второ ниво на анализа се одредбите на посебните
(гранските) колективни договори за стопанството и нестопанство во однос
на одредбите на Општиот колективен договор за стопанството, односно
одредбите Општиот колективен договор за јавните служби, јавните
претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и
други правни лица кои вршат нестопанска дејност (Сл. Весник на РМ бр.
39/94) од аспект на примена на начелото на поповолност за вработените (in
favorem laboratories) за најважните права од работен однос (засновање
на работен однос, распоредување на работникот, приправниците,
плата, надоместоци на плата, одмори и отсуства, заштита при работа,
престанок на работниот однос, заштита на правата на работниците,
правото на штрајк, решавање на спорови и арбитража и др.).
Во анализата на одредбите на посебните (гранкови) колективни
договори беа анализирани одредбите на еднаков број на посебни колективни
договори од областа на стопанството и нестопанството (јавниот
сектор), со цел да добиеме една реална слика за имплементацијата
на начелото in favorem laboratories во колективното преговарање во
Република Македонија.
Клучни зборови: колективно преговарање, стопанство, јавен
сектор, синдикат

Published
2019-04-27

Most read articles by the same author(s)