ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 25 ГОДИНИ ПО ДЕЈТОН
Abstract
Босна и Херцеговина во 2020 одбележува четврт век од потпишувањето на
Дејтонскиот мировен договор, со кој беше приведена кон крај триипол годишната граѓанска
војна. ДМД беше особено впечатлив по силниот реторички акцент за обезбедување универзални
човекови права, кои во самиот Договор се сметаа за „меѓународно пријателски“, но 25 години по
Дејтон беше тешко да се имплементираат, но не поради неспособност да се преведат меѓународните
стандарди во домашниот контекст, туку поради фундаменталните контрадикторности на самиот
уставно-политички систем воведен токму во Дејтон. Оттука, целта на овој труд е да се разгледа
системот на човекови права во светло на Дејтонскиот политички систем на БиХ. За таа цел,
најнапред ќе биде направен преглед на теориската литература која се занимава со човековите
права, за потоа да се даде осврт за карактерот на уставно уредениот систем за остварување и
гаранција на човековите права и основни слободи во БиХ, преку посочување на неговите
проблематични аспекти и недостатоци во изминатиот четврт век од потпишување на ДМД, како
и сублимирање на можните размислувања за нивно понатамошно унапредување.