АВТОНОМНОСТА НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА ВО ЛИПХАРТОВИОТ МОДЕЛ НА КОНСЕНЗУАЛНА ДЕМОКРАТИЈА – ЕДЕН КОМПАРАТИВЕН ОСВРТ НА МАКЕДОНСКОТО СО БОСАНСКОТО ИСКУСТВОТО
Abstract
Општо прифатен факт во политиколошката наука е дека почитувањето на правилата
и владеењето на правото од страна на сите општествени субјекти е клучен предуслов за
демократија. Консензуалниот модел на демократија, во теориска смисла, претставува проширена
и надградена верзија на изворниот Липхартов концепт за консоцијална демократија, кој се појави
во доцните 60-ти години на 20-от век. Моделот беше користен како механизам за изградба на
одржлив политички систем во длабоко фрагментирани (поделени) и постконфликтни општества,
какви што несомнено се босанското и македонското. Во својата почетна фаза, консоцијацијата се
реферираше искучиво на длабоко поделените општества. Но, подоцна Липхарт го преформатира
моделот на начин да го прави релевантен за секое едно општество во кое постојат плурални
интереси. Согласно промената тој го воведе терминот на консензуална демократија. Воведувањето
на концептот за автономноста на централната банка, како важен маркер на консензуалниот модел,
е несомнен новитет, бидејќи овој репер не постоеше во првичната консоцијална теорија. Липхарт
сосема правилно заклучува дека централните банки, во споредба со другите главни органи на
власта, имаат тенденција да бидат запоставени во политичките науки, што е сосема погрешно
бидејќи кога централните банки се силни и независни тие играат клучна улога во политичкиот
процес, и даваат придонес кон макроекономска стабилност на општествата. Оттука, главна цел
на трудот е преку компаративен осврт да се даде оценка за независноста на централната банка
во македонскиот и босанскиот модел на консензуална демкратија, преку анализа на нејзината
уставна и законска поставеност.