КОМБИНИРАН ТРАНСПОРТ – LKW WALTER
Abstract
Комбинираниот транспорт се однесува на
превоз на стока со превозни средства на различни
видови транспорт. Овој вид транспорт се извршува
со најмалку два вида транспортни средства каде
што стоката се претовара од едно на друго
транспортно средство. За комбинираниот транспорт
значи дека се склучуваат толку договори за превоз
колку што транспортни гранки, односно средства
учествуваат во реализација на транспортот од
изворот до целта. Исто така, во истиот се издаваат
толку товарни листови колку што се склучени
договори за превоз и се обезбедуваат толку
документи за превоз колку што се склучени
договори за превоз.
Предностите на комбинираниот транспорт
лежат во можноста на искористувањето на
специфичните предности на транспортните
средства кои учествуваат во транспортниот ланец,
додека како слабости можеме да наведеме дека
вкупното време на комбинираниот транспорт е
многу подолго во однос на тоа кога е вклучен само
еден носител на транспорт.
Сето ова погоре наведено ќе биде прикажано
преку примерот со најголемата водечка австриска
компанија – LKW WALTER.