СОВРЕМЕН ТРЕТМАН И ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ЦВРСТ ОТПАД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Ристо Георгиев
  • Дарко Огнаноски
  • Никола Димитров

Abstract

Основната цел и потреба за изградба на
регионални депонии за современ третман на комунален
цврст отпад произлегува од потребата за
воспоставување на меѓуопштинска соработка за
регионално управување со цврст отпад за конкретен
регион. Поставувањето на нови регионални депонии ќе
овозможи побезбедно користење на депонираниот
општински отпад, од сите општини кои што ќе бидат
опфатени во регионот. За да се изгради една регионална
депонија, пред сѐ е потребно да се обезбеди соодветна
инфраструктура, односно прооден пат до локацијата на
депонијата. Исто така, потребно е да се обезбедат
соодветни транспортни средства со цел искористување
на современите можности за управувањето со
комуналниот отпад. Современиот третман на
управување со комуналниот отпад не е можно доколку
не содржи одржливост.

Published
2018-09-02