ЖЕНАТА КАКО ПРЕТПРИЕМАЧ ВО ТУРИЗМОТ

  • Марија Магдинчева-Шопова
  • Кирил Постолов
  • Симона Савиќ

Abstract

Согледувајќи ја важноста која денес им се
придава на жените претприемачи во секторот на
малиот бизнис, во рамки на трудот подетално ќе
бидат разработени аспектот на застепноста и
влијанието на жените во туризмот, улогата, како и
предности во водењето на бизнисот. Целта на
ваквата разработка е да се прикаже важната улога
која ја имаат жените во деловниот свет, па преку
тоа на некој начин да се срушат верувањата дека
жените не се предодредени за водење бизнис.
Преку овој труд ќе се направи обид да се
детектираат слабостите и да се дадат соодветни
препораки кои ќе помогнат во јакнењето на
капацитетите на улогата на жената како
претприемач во туризмот. Имајќи предвид дека сѐ
уште не се доволно активни во секторот на
туризмот, жените претставуваат еден од
неискористени потенцијални фактори за раст на
бизнисот.

Published
2018-09-02