МЕЃУНАРОДНИТЕ САЕМИ КАКО ФАКТОР ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ И ТУРИЗМОТ
Abstract
Меѓународните патувања и туризмот во денешно
време бележат константен пораст, а економските
бенефити за земјите вклучени во туризмот се од големо
значење. Саемите за туризам кои постојат последните
шеесетина години се манифестации кои им
овозможуваат на приватните компании да ги изложат
своите производи или услуги и да остварат директен
контакт со своите потенцијални клиенти. Саемското
претставување станува достапно и за помалите
претпријатија кои имаат интерес за промоција и
маркетинг.
Целта на овој труд е да биде направен преглед
на позначајните саеми за туризам. Методологијата која
е користена при истражувањето е базирана на
секундарни податоци и интернет извори. Во трудот се
прикажани основните чекори во организацијата и
спроведувањето на саемите. Заклучните согледувања се
во контекст на придобивките од организација на вакви
манифестации во однос на развој на бизнисот и
меѓународниот туризам.