УЧЕСТВОТО НА ВИНАРИЈАТА „ШАТО КАМНИК“ ВО ПОНУДАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ВИНСКИ ТУРИЗАМ
Abstract
На територијата на Македонија, како и во
светски рамки, производството на вино има долга
историја и традиција. Во последно време сѐ поголем
замав во туристичките понуди зема винскиот туризам
- вид на туризам кој вклучува посета на вински
региони, тамошни винарии, лозја, најразлични вински
настани, како и дегустација и купување на вина
директно кај винскиот производител. Сето тоа со цел
задоволување на рекреативните и културните
потреби. Со оглед на тоа што овој вид туризам
станува сѐ попопуларен и кај нас, македонските
винарии работат интензивно на проширување и
подобрување на понудата. Во овој труд ќе биде
наведена понудата на винаријата „Шато Камник“.
Published
2018-09-02
Section
Tourism and hospitality