ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА НА ТИКВЕШКИОТ РЕГИОН

  • Цане Котески
  • Златко Јаковлев
  • Ивана Митева

Abstract

Во овој труд е опфатена туристичката
понуда на Тиквешкиот регион, дали тој е
способен да ја задоволи потребата на
сегашните, како и на идните туристи. Во
истражувањето се опфатени неколку клучни
сегменти за туризмот и како тие ја
задоволуваат потреба на туристите во овој
регион, колку и како се застапени
сместувачките и угостителските објекти, дали
туристичката дестинација е сообраќајно
достапна за туристите и дали може да ја
задоволи потребата за анимација на туристите
и што може да понуди за тоа прашање.
Опфатени се неколку поважни споменици на
културата како и природни убавини кои се
клучен фактор за развој на туризмот во овој
регион.

Published
2018-09-02