РЕСТОРАНСКАТА ПОНУДА ПРЕКУ РАЗНОВИДНОСТА НА КАРТИ ЗА ИЗБОР НА УСЛУГИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО
Abstract
За поуспешно работење во областа на
угостителството и туризмот, неопходно е добро
познавање и примена на картите за избор на услуги
во угостителството. Од големо значење е да се знае
како изгледаат картите за избор на услуги бидејќи
тие се реклама од непроценлива важност и при
нивното составување, дизајнирање не треба да се
штеди бидејќи имаат одговорност за успехот кој го
постигнува угостителскиот објект. Картите за избор
на услуги се огледало на угостителскиот објект,
душата на ресторанот и се официјален отчет за тоа
што нуди угостителскиот објект.
Published
2018-09-02
Section
Tourism and hospitality